Двајца малолетници запалија автобус паркиран пред училиште во Радовиш

Од:

Двајца малолетници во Радовиш со запалка запалија автобус кој бил паркиран во дворот на ОУ „Крсте Петков Мисирков“, соопштија денеска од СВР Струмица.

– Во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворно место на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека пожарот бил предизвикан од двајца малолетници од Радовиш. Со нив се извршени службени разговори во присуство на родители, при што го признале делото, а воедно е одземена и запалката со која е предизвикан пожарот, се наведува во полициското соопштение.

Се додава дека за настанот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Автобусот не бил во употреба и стоел паркиран во дворот на училиштето. Со навремената интервенција било спречено пожарот да се прошири на училишната зграда и на околните станбени згради.

Би можело да ве интересира

48-годишен возач со автомобил удри во маж кој бил во инвалидска количка

Во сообраќајка тешко повредено е момче, со возило излетало од патот

Полицијата уапсиле четворица крадци од Радовиш

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за раководно службено лице во Општина Радовиш

Кривична пријава за обид за убиство во Радовиш