Пленковиќ: Трамп се врати „два чекора назад“ во Давос

Од:

Премиерот на Хрватска – Андреј Пленковиќ денеска во интервју за француската телевизија Франс 24 изјави дека Европската Унија треба да избегнува потези што би можеле да ги влошат трансатлантските односи, но исто така дека треба да се запомни дека тензиите не доаѓаат од европската страна и дека Европската Унија има инструменти со кои може да одговори на заканите.

Пленковиќ рече дека американскиот претседател Доналд Трамп се врати „два чекора назад“ во Давос, кога ја отфрлил употребата на сила за стекнување на Гренланд и кога ги повлече заканите за царини за осум европски земји што го испратија својот воен персонал на арктичкиот остров на Кралството Данска.

-Лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ се собраа вчера вечерта во Брисел на вонреден самит свикан минатиот викенд токму поради американските закани што Трамп ги повлекол претходниот ден. Блокот го искористи вонредниот самит за да разговара за односите меѓу Европската Унија и САД, рече Пленковиќ.

На дневен ред беше „вложување напори за повторно воспоставување, би рекол, нормалност во контекст на трансатлантските односи колку што е можно повеќе, бидејќи трансатлантските односи се навистина основа на меѓународниот поредок по Втората светска војна, основа на НАТО“, рече премиерот, додавајќи дека треба да се запомни дека „тензиите не дојдоа од европска страна“.

Тој, исто така, нагласи дека ЕУ има на располагање инструменти, „во случај на потреба од реакција“, како што е Инструментот за борба против принуда.

Пленковиќ смета дека Унијата задржала „прилично координирана и конзистентна позиција“ и испратила јасна порака дека „територијалниот интегритет на која било членка на Европската Унија не може да се доведе во прашање“.

„Пријателите, сојузниците, партнерите, како што се САД и членовите на Европската Унија, не треба да бидат во дискусија што е донекаде халуцинантна. Во декември разговаравме за рестриктивниот режим на санкции против Русија, а неколку недели подоцна разговараме за инструментите што ни се на располагање за да одговориме во случај на продолжени тензии (со САД). Тоа е инструмент што не е направен за САД, туку во контекст на литванската епизода со Кина“, рече Пленковиќ.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ: Европската безбедност е загрозена

А1он

Дипломатска војна меѓу Хрватска и Унгарија

Пленковиќ: Важно да се постигне праведен и долготраен мир што ќе го заштити територијалниот интегритет на Украина

А1он

Пленковиќ: Три години Милановиќ повеќе ја застапува позицијата на Кремљ отколку на Хрватска и Западот

А1он

Пленковиќ: Протерувањето на Хрватите од Србија мора да престане

А1он

Мицкоски – Пленковиќ: Толку отстапки се направени од Македонија што ретко кој народ и држава би прифатила да направи толку исчекори за членство во Европската унија