Лишен од слобода возач на патот Св. Николе – Пробиштип кој физички нападнал полициски службеник и возел под дејство на алкохол.
Како што информираат од МВР, вчера (23.01.2023) година во 05.55 часот на регионален пат Свети Николе – Пробиштип од страна на полициски службеници од Свети Николе било сопрено возило управувано од М.П.(32) од Пробиштип по претходно добиени оперативни сознанија дека истиот се движи кон Свети Николе со намера да изврши кривично дело.
Откако било сопрено возилото кое го управувал М.П. излегол од истото и започнал недолично и агресивно да се однесува кон полициските службеници, при што физички нападнал еден полициски службеник.
М.П. бил лишен од слобода, по што му било извршено алкотестирање, при што било утврдено дека има 2.38 примили алкохол во крвта.
„Во координација со јавен обвинител, поднесена е кривична пријава до ОЈО Свети Николе за сторени кривични дела “Напад врз службено лице при вршење работи од областа” по член 383 и “Загрозување на сигурноста спрема службено лице” по член 144 од Кривичниот законик. Пријавата беше веднаш процесуирана и ОЈО Свети Николе веќе поднесе обвинение за наведените кривични дела сторени кон полициски службеник. Со обвинението е поднесен и предлог за определување мерка притвор, кој е прифатен од Судот и на обвинетиот му е определена притворска мерка“, информираат од МВР.