Фон дер Лајен: Поважно од кога било да се фокусираме на Украина

Од:

Европската Унија мора да ги забрза своите напори кон независност за да се одбрани во брзо менувачкиот свет, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Се наоѓаме на раскрсница. Европа претпочита дијалог и решенија, но ние сме целосно подготвени да дејствуваме, доколку е потребно, со единство, итност и решителност, рече фон дер Лајен, објави Ројтерс.

Таа истакна дека „во овој свет на растечко беззаконие, на Европа ѝ се потребни сопствени лостови на моќ“.

„Ги знаеме – силна економија, просперитетен единствен пазар и индустриска база, силен капацитет за иновации и технологија, обединети општества и, пред сè, вистинска способност да се одбраниме“, рече фон дер Лајен.

Таа нагласи дека е „поважно од кога било“ да се продолжи со фокусот на Украина и дека Европската Унија ќе работи со Соединетите Американски Држави и другите партнери за зајакнување на безбедноста во арктичкиот регион.

Би можело да ве интересира

Христофору: Фон дер Лајен е вознемирена затоа што Брисел знае од каде полетуваат дроновите

Фон дер Лајен: ЕУ подготвува построги правила за социјалните мрежи за заштита на децата

Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор

Фон дер Лајен одговори на заканата на Трамп за царини на автомобили

Маѓар разговараше со Фон дер Лајен за замрзнатите милијарди: Исклучително успешно!

А1он

Фон дер Лајен: Војната во Иран ја чини ЕУ 500 милиони евра дневно

А1он