Лагард: Европа мора да покаже решителност и единство во новиот меѓународен поредок

Од:

Европа треба јасно да покаже какви инструменти има на располагање, да демонстрира колективна решителност и да зборува со еден глас, бидејќи тоа е единствениот начин да ги заштити своите интереси во новиот меѓународен поредок, изјави денес претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.

Во интервју за француското радио RTL, таа оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп „често применува трансакциски пристап“ и дека тој „ја поставува летвата многу високо, на нивоа што понекогаш се целосно нереални, со цел да изнуди отстапки“, додека Европа треба да одговори на ваквите потези на координиран и силен начин.

Според неа, неизвесноста предизвикана од американската трговска политика е поголем проблем од инфлаторниот ефект само на царините.

Би можело да ве интересира

Кристин Лагард: ЕУ ќе најде начин да ѝ помогне на Украина, но без да го прекрши законот

Кристин Лагард: Царините на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот

Горан Наумовски

Кристин Лагард: ЕУ треба да биде подготвена за тарифна уцена во ерата на Трамп