Вучиќ: Мора да сме мудри, да се скриеме под камен – да чекаме дождот да помине

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес во Давос изјави дека од говорот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Светскиот економски форум слушна дека „политичкиот развод“ меѓу Америка и ЕУ е траен и дека Србија мора да донесува одлуки, бидејќи треба да го реши прашањето за царините со американската страна, а со Европејците да ја развива енергетиката.

Тој рече дека Србија мора да го зачува мирот и брзорастечката економија, и дека владата почнала да прави план за Србија до 2035 година и ќе се обиде јавно да го претстави тој нов план до март.

Вучиќ рече дека верува оти наскоро ќе добие покана да ја посети Кина, дека Србија многу работи со Американците и „секако“ со Европејците.

„Мора да бидеме мудри, да се скриеме под камен, да чекаме дождот да помине“, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија истакна дека сè уште пред Србија има период во кој треба да се разгледа како ќе се справи со Европа и како ќе се справи со Америка.

„Многу, многу проблеми. Светот оди во луда насока, но мора да го зачуваме мирот и економијата“, рече Вучиќ, нагласувајќи дека на јавноста треба да ѝ се каже во која насока се движат работите.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Го поддржувам предлогот да се истражи како функционери купувале вили во странство

А1он

Вучиќ: Нема наскоро да станеме членка на ЕУ – добро ја разбравме пораката

А1он

Вучиќ: Граѓаните можат да ја очекуваат мојата оставка на крајот на јули

А1он

ВИДЕО: Ова се мои последни денови како претседател, најави Вучиќ на собирот на СНС во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ ги претстави пријателите Драгутин и Милутин: Играат „Моравац“ подобро од мене!

А1он

Вучиќ: „Тие сакаа да ја уништат независна Србија“

Горан Наумовски