Мартин Гоџо од охридски Варош е најсреќен учесник на празникот Богојавление – Водици, откако го фати Чесниот крст од осветените води на Охридското Езеро.
Не е првпат Гоџо да биде прв меѓу оние кои се фрлаат по Чесниот крст, а оваа година во чествувањето учествуваа голем број верници од Охрид и околните места.
За првпат осветувањето на водите и положувањето на Чесниот крст го изврши новиот митрополит Дебарско-кичевски, владиката Георгиј.
Тој истакна дека Богојавление – Водици е еден од најважните настани не само за Охрид, туку и за целата земја, и дека оваа традиција природно се одржува во македонскиот Ерусалим без надворешно наметнување.