Трамп со повисоки царини ги казнува земјите што испратија војници во Гренланд

Од:

Американскиот претседател – Доналд Трамп се закани со повисоки царини за државите кои не го поддржуваат неговиот план САД да преземат контрола врз Гренланд.

„Можам да воведам царини за земјите ако не се согласат со Гренланд, бидејќи ни е потребен Гренланд за национална безбедност“ – изјави Трамп.

Тој истакна дека само САД, под негово водство, можат ефикасно да ја гарантираат безбедноста на Гренланд и поширокиот регион, додавајќи дека островот е клучен за функционирањето на новите американски одбранбени системи.

Според најавата на Трамп, од 1 февруари годинава, САД ќе воведат царина од 10 отсто за сите стоки што во САД ги извезуваат: Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Обединетото Кралство, Холандија, Финска.

Од 1 јуни 2026 година, царинската стапка би се зголемила на 25 отсто.

„Царините ќе останат на сила сè додека не се постигне целосен и конечен договор за купување на Гренланд“ – порача Трамп.

Изјавите на Трамп веќе предизвикаа силни реакции во европската јавност.

Би можело да ве интересира

Трамп: Путин нема да нападне територија на НАТО

А1он

Можна средба Путин – Трамп наскоро во Кина

А1он

Трамп објави мапа на Ормутскиот теснец и го прогласи за територија на САД

А1он

Мелони: Верував дека работите ќе бидат полесни со Трамп

А1он

„Разговор со Трамп? Не ми е познато“ – сестрата на Ким Џонг Ун негира дека тој комуницирал со американскиот претседател

Трамп со порака до Иран: Она што го искористивме досега беше занемарливо – предајте се!

А1он