(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

Од:

„Владата на Мицкоски им ги отвори вратите со одлука за нови 10.000 странски работници во 2026 година. Бројот е двојно зголемен во споредба со лани. Иако во Македонија се уште има речиси 100.000 невработени Владата донела одлука да се носат 10.000 странски „економски работници“. Тоа што се подготвуваше сега започна. Најпрво владата склучи „стратешки договор“ за кој известија британските медиуми“ рече денеска на прес-конференција Рената Младеновска – член на Извршен одбор на СДСМ.

Таа вели „во декември британските медиуми објавија и дека согласно овој договор мигрантите би имале можност да добијат работни визи во Македонија за работа во сектори со недостиг на работна сила. Потоа власта го смени Законот за странци, ги олесни условите за доаѓање, престој и работа во Македонија“.

„Се скратија процедурите, се продолжи времетраењето на дозволите. Со овие законски измени се создаде правна рамка за долгорочно задржување во државата, секако ако има „стратешки партнер“. Кога темата се крена власта донесе Резолуција во Собранието – Декрет за да и забранат на опозицијата да говори за мигранти. Сега е донесена и одлука за отворање на вратите за нови 10.000 странски работници. Се што се подготвуваше се случува, се реализира“ рече Младеновска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија