Мицкоски: Изборните реформи да ја опфатат и дијаспората

Од:

Прашањето за начинот на гласање на дијаспората треба да се разгледува заедно со можноста за воведување една изборна единица и во согласност со законските ограничувања во државите каде што живеат иселениците, изјави денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по лидерската средба одржана во Клубот на пратеници.

Одговарајќи на новинарско прашање за иницијативата на владиниот коалициски партнер Вреди, со која се предлага дијаспората да добие повеќе права и можности за гласање на некои од наредните избори, Мицкоски истакна дека пред сè треба да се дефинира дали државата ќе има една изборна единица.

– Пред да дојдеме до начинот на гласање на дијаспората, потребно е да дефинираме две работи. Прво, дали ќе имаме една изборна единица, бидејќи тогаш сите гласови би се слевале во еден базен, без разлика дали се гласови на резидентното население или на дијаспората, рече Мицкоски.

Втората работа, според него, е фактот дека постојат држави кои не дозволуваат екстериторијално гласање надвор од дипломатско-конзуларните претставништва.

– Има држави кои дозволуваат организирање гласање исклучиво во рамките на дипломатско-конзуларните претставништва, но има и такви кои тоа воопшто не го дозволуваат. Тоа претставува реална пречка. Се согласивме дека треба да бидеме креативни и да продолжиме да размислуваме и разговараме, но во овој момент тоа да биде на ниво на координатори на пратеничките групи, изјави премиерот.

Прашан за можната поддршка за двотретинските закони, меѓу кои и законот поврзан со проектот „Сејф сити“, Мицкоски нагласи дека сите реформски закони кои имаат позитивно мислење од Венецијанската комисија или од Европската комисија треба безусловно да се поддржат.

– Сите закони и процедури што се дел од реформската агенда и имаат позитивно мислење од Венецијанската комисија или од Канцеларијата на Европската комисија треба да бидат поддржани, без разлика на формата, бидејќи сите сме за членство во Европската унија, рече Мицкоски.

Додаде дека не треба да се условува поддршката со прашања поврзани со балансирања или други механизми, доколку се исполнети двата предуслова.

Во однос на најавената тет-а-тет средба со лидерот на опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, премиерот посочи дека во рамките на неговите активности се среќава со сите релевантни политички чинители во државата. – Во рамките на моите активности се среќавам со сите релевантни политички чинители во државата, и тоа е нормално, изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации