Мицкоски: Техничката влада оди во историја, најден компромис за Законот за прекршоци

Од:

Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоци, а за техничката влада генерално сите се согласивме дека треба да замине во минатото, изјави премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната лидерска средба во Клубот на пратениците.

Според Мицкоски, ако нема согласност кај сите парламентарни групи да се прифати предлогот за укинување на пржинската влада, таа да важи и за следните избори, па потоа да се укине.

Но, како што оцени, ќе треба да се направат измени во Законот за влада зашто има промена во ресорите.

-Јавноста денеска беше сведок на еден поинаков пристап – на отворена, конструктивна дебата полна со предлози и идеи. Се отворија многу прашања. Предложив дебатата да продолжи на ниво на пратенички групи зашто ние сме за надминување на проблемите, а не за создавање нови, истакна Мицкоски.

Тој на лидерската средба, што се одржа по негова иницијатива, беше придружуван од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПНМНЕ, Никола Мицевски. На средбата од коалициските партнери во Владата присуствува генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација, Горан Минчев, како и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата „Вреди“. Од опозициските пратенички групи присутни беа лидерите на Левица и на ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој го одби повикот на Мицкоски, не дојде на средбата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

Автопатот Прилеп – Битола добива приоритет, Мицкоски најави пуштање на првите 10-12 километри