Фолкерот Аца Лукас објави дека е нападнат на Јахорина по настапот овој викенд, а медиумите објавуваат дека осомничениот за нападот врз Лукас е уапсен.
-Полицијата во Источно Сараево го уапси Н.М. од Пале под сомнение дека на 11 јануари, на делницата од главниот пат Љубогошта – Подроманија, општина Пале, повеќепати удри во предниот дел од автомобил „ренџ ровер“ со автомобил „пасат“, во кој беа пејачот Аца Лукас и неговиот возач – пишуваат локалните медиуми.
Како што неофицијално дознаваат „Независне новине“, Н.М., повеќепати удри со службениот автомобил на приватна компанија од Пале во возилото во кое беше познатиот пејач Александар Вуксановиќ.
Како што соопшти Полициската управа Источно Сараево, Н.М. е уапсен под сомнение дека ги сторил кривичните дела предизвикување општа опасност и оштетување и одземање туѓ имот.
За сè беше информиран дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство Источно Сараево.
