ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини

Од:

До 15 часот, на повторените избори за градоначалник што денеска се одржуваат во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23 298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128 286 гласачи. Гласањето се спроведува на 215 избирачки места, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Најголема излезност е забележана во општина Врапчиште, каде до 15 часот гласале 5 730 гласачи, односно 21,01 отсто. Во Гостивар своето избирачко право го искористиле 14 770 гласачи, што е 17,85 отсто. Во Центар Жупа гласале 831 гласач, односно 10,99 отсто, додека во Маврово и Ростуше гласале 1.967 гласачи, што претставува 18,60 отсто.

Во споредба со гласањето на 19 октомври 2025 година, до 15:00 часот се забележуваат разлики во излезноста по општини. Во Врапчиште излезноста е зголемена за 6,47 отсто, додека во Гостивар е намалена за 3,01 отсто. Намалување е евидентирано и во Центар Жупа за 6,13 отсто, како и во Маврово и Ростуше за 1,54 отсто.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

(ВИДЕО) Слаба излезеност на повторните локални избори: До 13 часот гласале 8,9 отсто, едно избирачко место неотворено

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште