Попова Шапка со најмногу снег и најниски температури во земјава

Од:

Утрово на Попова Шапка е најстудено, – 8 степени и има најмногу снег, 31 сантиметар. До 8:30 часот се измерени и -5 степени во Kрушево и Mаврови Анови, -2 во Куманово, -1 во Крива Паланка, Берово и Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Претор, Штип, Битола, Прилеп и Струмица, 1 во Кавадарци и Велес, како и 2 степена во Гевгелија и Демир Капија.

Изминатите 24 часа, до 7 часот утрово наврнале 39 литри на метар квадратен во Маврови Анови, 26 во Пожаране, 25 Охрид, 24 во Крушево, 17 во Тетово, 16 во Претор, 14 во Попова Шапка, 8 во Битола, 7 во Крива Паланка и Прилеп, 5 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Виница, Куманово и Ѓуриште, 4 во Берово, 3 во Гевгелија, Кавадарци, Демир Капија и Тополчани, како и 2 литра на метар квадратен во Радовиш, Пожар, Велес и Штип.

Висината на снежната покривка во Крушево е 14 сантиметри, во Охрид и Ѓуриште е 5, во Тетово и Берово два, а во Прилеп еден сантиметар.

Времето денеска ќже биде променливо облачно и студено, претпладне со повремени локални врнежи од снег, попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени.

Во Скопје, променливо облачно и студено. Претпладне со повремен слаб снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Би можело да ве интересира

Студен ден со облачност и повремени врнежи од снег

Горан Наумовски

Обилни врнежи во Маврови Анови, снежна покривка од 43 сантиметри на Попова Шапка

Горан Наумовски

Попова Шапка утре официјално ја отвора скијачката сезона

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Попова Шапка под снег, дождови во Крушево, Охрид и Претор

Горан Наумовски

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата