Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Од:

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва беше на средба во Маврово и Ростуше на која уште еднаш ја нагласи поддршката за кандидатот за градоначалник на оваа општина Онер Јакупоски, пред повторените избори во недела на 11 јануари.

– Вечерва сме во Маврово и Ростуше со силна енергија, јасна визија и искрена поддршка за Онер Јакупоски – кандидат за градоначалник за Општина Маврово и Ростуше, објави Мицкоски на социјалните мрежи.

Со искрена поддршка, посочува Мицкоски, покажуваме дека кога сме сплотени и обединети, можеме многу повеќе.

– Заедно градиме надеж, доверба и развој за секое семејство, напиша премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

Во недела ќе се одржат повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа поради недоволниот цензус на локалните избори што се одржаа на 19 октомври минатата година.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Предраг Петровиќ

Се зголеми бројот на пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Левица: Секоја населба се претвори во градилиште, а цените на становите се удвоија, власта не нуди политика за домување

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност

Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари