Николас Мадуро и неговата сопругата се сместени во озлогласен затвор во Бруклин

Од:

Соборениот венецуелски лидер Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се зад ѕидовите на озлогласен притворски центар во Бруклин. Како што пишува „Си-ен-ен“, центарот во Њујорк е познат по лошите услови, честите прекини на струја и хроничниот недостиг од персонал.

Сојузниот затворски консултант Сем Менгел без задршка ја опиша состојбата во установата.

– Тоа е навистина пекол. Климатизацијата е лоша, греењето исто така. Секој затвореник добива по едно волнено ќебе. Се спие на многу тенка комбинација од душек и перница со дебелина од околу пет сантиметри, поставени на метална плоча – изјави Менгел.

Според проценките на експертите, Мадуро и Флорес се сместени во одвоени ќелии и изолирани од општата затворска популација.

– Во неговиот случај, станува збор за сериозен безбедносен ризик во општата популација – објасни Менгел.

– Никој не знае како би реагирале другите затвореници – припадници на банди или картели – така што неговото вклучување во општата популација во кој било момент би претставувало огромен безбедносен ризик за установата – додаде тој.

Станува збор за притворски центар чии услови адвокатите и затворениците без задршка ги опишуваат како „одвратни“ и „ужасувачки“.

На првото појавување пред судот на Менхетн, во понеделникот на 5 јануари, Мадуро и Флорес се изјаснија дека не се виновни по обвиненијата за трговија со дрога и оружје.

Би можело да ве интересира

Делси Родригез положи заклетва како привремен претседател на Венецуела

„Вашингтон пост“: Трамп не сакам Мачадо да е „шеф“ во Венецуела

Мелони: Народот на Венецуела добива надеж со заминувањето на Мадуро

Русија притиска: САД да ги ослободат Мадуро и неговата сопруга

Венецуела прогласи општа воена мобилизација

(ВИДЕО) Николас Мадуро седна на обвинителна клупа и рече: Јас сум сè уште претседател на мојата земја

Горан Наумовски