ЗНАМ: Бегањето од лидерска средба е признание за политичка слабост и страв од граѓаните

Од:

Движењето ЗНАМ ја поздрави иницијативата на премиерот за лидерска средба, како одговорен и државнички чекор насочен кон стабилност, дијалог и политичка зрелост во клучен момент за државата. Но од движењето велат дека „денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Филипче, уште еднаш покажа дека оваа партија предводена токму од него, нема ниту капацитет, ниту волја за конструктивен политички дијалог, туку единствено нуди говор на поделби, навреди и неосновани обвинувања“.

„Кога се нема аргументи и резултати, се посегнува по стари сценарија – плашење на јавноста, теории на заговор и етикетирање на политичките
противници. Наместо одговорност за сопственото минато, СДСМ повторно бега од разговор и се крие зад техничката влада како последен штит од соочување
со граѓаните. Движење ЗНАМ за Наша Македонија се залага за целосно и непречено функционирање на институциите, за одговорно носење одлуки и за изнаоѓање конкретни решенија кои се исклучиво во интерес на граѓаните и државата. На Македонија ѝ е потребна политичка храброст и зрелост, а не бегање од одговорност и блокади. Потребен е отворен и искрен дијалог, а не уцени и калкулации, како и јасна определба за иднината, наместо одржување на стравови и манипулации“ соопштија од ЗНАМ.

Според нив, „Иницијативата за лидерска средба е можност сите релевантни политички чинители да покажат одговорност кон државата и граѓаните. Одбивањето на дијалог е признание за слабост“.

Би можело да ве интересира

Навредите од Неделковски кон Бендевска и Гочева се недостојни, мизогини и неприфатливи, реагираат од ЗНАМ

ЗНАМ: Подолг период беше јасно дека Цеков политички и вредносно се оддалечува од принципите и државотворната визија на ЗНАМ

Филипче по одлуката на Цеков: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

Миле Цеков ја напушти ЗНАМ, пратеникот ќе дејствува независно

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски

Мемов: Дали следниот чекор на СДСМ е напуштање на законодавниот дом, со крајна цел бојкот на следните Парламентарни избори