Пронајден планинарот по кој се трагаше на Пелистер

Од:

Планинарот од Прилеп кој претпладнево беше пријавен за изгубен на подрачјето на Националниот парк „Пелистер“ е пронајден, жив и здрав, и се наоѓа во населеното место Ниже Поле, изјави за Иванчо Тошевски, директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“.

Тошевски потврди дека планинарот најверојатно избрал друга патека на движење низ планината и пристигнал во селото Нижо Поле.

-Планинарот беше достапен на телефон во еден период, а потоа сигналот се изгуби. Пријавивме во СВР Битола и со екипа на ЈУ Национален парк „Пелистер“ се упативме на терен. Но, околу 15:50 часот информирани сме дека планинарот од Прилеп безбедно стигнал во населеното место Нижо Поле, потврди Тошевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Ева има потреба од сите нас – да му помогнеме на десетгодишното девојче од Охрид

Осум пријавени настани со семејно насилство, лишени од слобода шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ