Полицијата заплени над 6.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар

Од:

Над 6.000 парчиња пиротехника била запленета во текот на вчерашниот ден на Бит Пазар.

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека по преземени оперативно – тактички мерки од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР – Скопје на улицата „192“ на подрачје на Бит Пазар, пронајдени и одземени се околу 6.000 различни парчиња на пиротехнички средства.

– Известен е јавен обвинител, пиротехниката е одземена за понатамошна постапка, а против лицата кои ја продавале пиротехниката ќе бидат поднесени соодветни пријави, потенцираа од МВР.

Би можело да ве интересира

Мобилен царински тим спречи нелегална продажба на над 40.000 петарди и огномети

(ВИДЕО) Пронајдени се над 25 тони пиротехнички средства во две товарни возила и магацини на правно лице

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Поддршка од пратениците за законски измени со кои ќе се забрани пиротехника во затворен простор

Законски измени со кои ќе се забрани употреба на пиротехника во затворен простор

Јаревски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред и мир, со што се става ред за употреба на пиротехнички средства во затворен простор