А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Култура

Драмски театар го објави конкурсот за наградата „Горан Стефановски“

by А1он30/12/2025 - 12:44108
Share0

НУ Драмски театар Скопје соопшти дека на неговата веб страница е објавен годинешниот конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за најуспешен драмски текст од млад македонски автор на возраст до 30 години, што ќе биде отворен до 28 февруари.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во духот на традиционалната поддршка кон младите драмски уметници и поттикнување на пишување на нови драматуршки текстови, Драмски театар ја доделува наградата во чест на големиот драмски автор Горан Стефановски. Преку овој конкурс, театарот сака да даде поддршка на драмско творештво на младите автори и да ја афирмира современата македонска драма. Право на учество имаат автори, државјани на Македонија, кои до денот на завршување на рокот за пријавување не навршиле 30 години. Поднесениот текст мора да биде оригинално, неизведено дело, а не адаптација или драматизација на веќе постоечки книжевни или драмски форми, информираат од театарот.

Пријавата треба да биде подготвена согласно насоките што ќе бидат објавени на веб-страницата на НУ Драмски театар Скопје. Пристигнатите текстови ќе ги разгледува стручна Комисија составена од пет члена, а добитникот ќе биде објавен на прес-конференција, што ќе се одржи во пресрет на денот на раѓањето на Горан Стефановски – 27 април.

Наградата е во износ од 60.000 денари (еднократно), а ќе следи и потпишување авторски договор со НУ Драмски театар Скопје, продукција и изведба на наградениот текст на една од сцените на театарот – малата сцена или сцената „Ристо Стефановски“ – во рок од две години од затворањето на конкурсот, а авторот е обврзан дека до премиерата во Драмски театар Скопје, текстот нема да биде отстапен на други лица или институции.

Следете a1on на Youtube YouTube

Од Драмски театар наведуваат дека со оваа награда ја продолжуваат својата посветеност кон развојот на македонското драмско писмо, негувајќи го духот на Горан Стефановски, чии дела се длабоко вкоренети во историјата на театарот. Од „Јане Задрогаз“ (1974) до „Огнени јазици“ (2013), на сцената на Драмски беа поставени 15 негови претстави, од кои осум беа праизведби.

Посочуваат дека денеска е последен ден за пријавување на јавниот повик за проектот „Денови на независната сцена во Драмски“, што ќе се реализира од 14 до 17 јануари

По направената селекција на апликациите за претставите пристигнати на јавниот повик, Драмски ќе ги отстапи за гостување сцената „Ристо Стефановски“ и „Малата сцена“ на театарот како и потребната техника со што ќе овозможи изведба на новите претстави и презентирање на иновативни, автентични и квалитетни театарски проекти. Рокот за поднесување на пријавите завршува денеска. На веб страницата www.dramski.mk се наоѓа образецот што треба да се пополни и заедно со промотивните материјали за претставата да се прати на е-поштата: [email protected] , соопштија од Драмски театар.

dramski teatar

Би можело да ве интересира

Драмски театар Скопје по вторпат не ја додели наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор

А1он27/04/2026 - 15:58

Драмски театар одбележува 80 години постоење – за јубилејот премиера на „Мачкина глава“ од Венко Андоновски

Катерина Ѓуровски21/04/2026 - 13:34

Драмски со претставата „Кармен“ на фестивал во Јужна Кореја

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 11:44

Премиера на „Драми на принцезите – Џеки“ во Драмскиот театар

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:56

Конкурсот за наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад македонски автор е отворен до крајот на февруари

Катерина Ѓуровски10/02/2026 - 11:28

Драмски театар Скопје на фестивалот РУТА во Љубљана

Катерина Ѓуровски03/02/2026 - 14:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто