Мицкоски: Детската насмевка не потсетува зошто вреди да се работи со одговорност, грижа и љубов

Од:

Денеска во Ѓорче Петров, Карпош, Центар и Кисела Вода, имавме чест да ги посетиме најмалите, нашите најмили, иднината на Македонија. Со новогодишни пакетчиња им подаривме радост и насмевки, кои се најискрената и највредната награда за нас, објави премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Детската насмевка, истакнува премиерот, не потсетува, зошто вреди да се работи со одговорност, грижа и љубов за држава во која секое дете расте со надеж, сигурност и верба во подобро утре.

Премиерот сподели фотографии и од новогодишна средба со дечиња во Владата.

– Владата денес е во поинакво руво. Најмладите меѓу вработените, со најголемата надеж. Млади лица, големи соништа. Владата денес чекори со нив, нивната радост е нашата сила. За децата денес, за иднината утре, вели Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За разлика од кај нас, опозицијата во Украина и Молдавија не работи против државните интереси

Еврокомесарката Марта Кос на почетокот на јули доаѓа во Скопје

A1on

По 17 јуни ќе има реконструкција на Владата, најави Мицкоски

A1on

Мицкоски се сретна со Ердоган – потврдена е стратешката соработка меѓу Македонија и Турција

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски се сретна со Макрон и Мерц: Исклучително сум задоволен

Катерина Ѓуровски

Проширувањето на ЕУ и интеграцијата на Западен Балкан во фокусот на самиотот во Тиват

Катерина Ѓуровски