Прекинат сообраќајот на граничниот премин Евзони – Богородица поради блокада на грчките земјоделци

Од:

Сообраќајот на граничниот премин Евзони – Богородица е во прекин од 12 часот, соопштија од Авто мото сојуз на Македонија (АМСМ).

Прекинот на сообраќајот се одвива во периодите од 11:00 до 15:00 часот и од 17:00 до 21:00 часот по македонско време, поради блокадите што ги поставуваат грчките земјоделци.

Земјоделците, кои од 1 декември со трактори се стационирани на граничниот премин, и денеска, како и вчера, најавуваат две четиричасовни целосни блокади на границата, при што не е дозволен влез и излез од Грција за патнички и товарни возила.

Од надлежните институции апелираат до граѓаните и превозниците да ја следат состојбата и навремено да го планираат своето патување, користејќи алтернативни гранични премини.

Би можело да ве интересира

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони кон Македонија

Предраг Петровиќ

Целосна блокада на „Евзони“ за влез во Грција

А1он

Повторно попладневни блокади на граничните премини „Евзони“ и „Ники“ кон Македонија

Нема да има блокади на границите кон Грција за празниците

АМСМ: Од 17.30 часот во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица)