Студентите во Србија започнаа со акција за собирање потписи од граѓани низ целата земја во поддршка за распишување избори.
Potpiši 🖋️ pic.twitter.com/ut9aJvZ8Yj
— ETF Blokada (@etfblokada) December 28, 2025
Како што објавија претходно, целта на кампањата „Прогласи победа“ е подготовка за вонредни парламентарни избори, што е нивно единствено барање со месеци наназад.
Граѓаните го оставаат своето име, презиме, година на раѓање, општина од која се, како и нивната е-адреса и телефонски број.
Тие податоци одат во базата на податоци на студентите и се користат за „броење“ на граѓаните, односно за добивање попрецизни податоци за поддршката на студентскиот список и вонредните избори.
Ова е прва акција од ваков вид, откако студентите побараа вонредни избори во мај и најавија формирање на студентски изборен список, кој ќе вклучува кандидати избрани од студентскиот пленум.
