Хоџа: Борбата против аерозагадувањето е мој приоритет, нула толеранција за загадувачите

Од:

Итна координативна средба на која беа повикани заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска, како и одговорни лица за квалитет на воздухот во МЖСПП, денеска се одржа во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

На средбата министерот Муамед Хоџа побара од директорката Гиновска информации во врска со надзорот на работењето на Усје, како и да се изврши надзор над работењето на сите останати правни субјекти кои поседуваат А-интегрирани дозволи за кои е надлежно министерството.

-Целта на ваквата постапка е заедно со вонредни инспекциски надзори да се испита состојбата на терен со обврските кои произлегуваат од поседувањето на вакви еколошки дозоволи. Воедно, од одговорните лица е побарано известување за имплементација на актуелните мерки за справување со аерозагадувањето, и дадени се задолженија за проверка на степенот на нивна реализација, соопшти МЖСПП.

Министерот Хоџа на средбата, како што се посочува во соопштението, нагласил дека ова е само првиот чекор од низата на чекори кои како министер ќе ги преземе за справување со овој повеќедецениски сложен проблем, за чие решавање повика на соработка и партнерство од сите кои сакаат да помогнат во намалувањето на загадувањето и обезбедувањето на почиста животна средина.

Би можело да ве интересира

Беким Сали станува прв вицепремиер, а Мухамед Хоџа ќе биде министер за екологија

Воздухот во Трубарево не е загаден, објави Министерството за животна средина

Катерина Ѓуровски

Ќе се анализира водата во бунарите, седум дена ќе се мониторира воздухот, ограничено движење на децата во училиштето во Трубарево

Скопјани и утрово се разбудија во силна, непријатна миризба

СДСМ не знае да чита документи, одговор од Министерството за животна средина за обвинувањата за Меџити

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето