Во Премиерлигата, најсилното фудбалско првенство во Англија, постои вековна традиција на играње натпревари на 26 декември, денот по католичкиот Божиќ.
Традицијата на давање подароци на сиромашното население е воведена во 1871 година за време на викторијанската ера во Англија, под името Boxing day.
Традиционално, од 1888 година, натпреварите од целото коло се играат во Премиер лигата на овој ден.
Сепак, оваа година ќе се постави преседан, па само еден натпревар ќе се игра во петок, кога Манчестер Јунајтед ќе го пречека тимот на Њукасл на својот стадион.
На овој начин, ќе се прекине традиција долга 137 години.
Причината за ова се договорните обврски кон телевизиските партнери и продолжените европски сезони, кои дополнително го оптоваруваат календарот на натпревари, како што наведува најсилната фудбалска лига во Англија.
Останатите натпревари ќе се играат во текот на викендот, а потоа ќе се комплетира 18-тото коло.
