Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

Од:

Невзат Бејта, кандидатот за градоначалник на Гостивар на повторените избори на прес-конференција ја обвини претходната локална власт дека направила злоупотреби при јавни набавки чија вредност е повеќе милиони денари.

– Денес сме тука за отворено да зборуваме за злоупотребите и лошото владеење на Арбен Таравари, кој со години се обидуваше да ги скрие зад пропагандата и лажниот имиџ на „успешен менаџер“, рече Бејта.

Тој во обраќањето пред новинарите потенцира дека Гостивар не бил управуван во интерес на граѓаните, туку во интерес на тесниот круг на Таравари. Бејта покажа договори со кои, како што тврди, локалната власт склучила јавни набавки со фирма која ги пополнувала апликациите за проекти и уредувањето на салата на Советот на општината. Според него трошоците се неколукратно поголеми, откоклу нивната реална вредност.

Бејта најави дека во петок ќе излезе со докази за други предмети кои како што нагласи, јасно покажуваат како локалната власт била злоупотребувана и како одговорноста била избегнувана.

Би можело да ве интересира

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар