Јанчев нема да се повика на пратеничкиот имунитет: Власта води црна кампања против мене

Од:

Пратеникот од редовите на Левица, Сашко Јанчев, против кого Обвинителството поднесе обвинение за учество во сообраќајна несреќа во која загина тинејџер, преку објава на Фејсбук изрази жалење за настанот и оцени дека е мета на, како што вели, координирана политичка и медиумска кампања од страна на власта.

„Жал ми е за сѐ што се случи таа вечер. Не поминува ден да не помислам на ова. Веднаш по настанот пружив помош и повикав брза помош. Направив сѐ што можеше да се направи. Морам да напоменам дека чекавме брза помош цели 50 минути и дека јас сум единствениот легален учесник во сообраќајот во таа несреќа“, напиша Јанчев.

Тој тврди дека уште истиот ден случајот бил искористен за политичка пресметка.

„Само неколку часа по несреќата, преку пропагандни медиуми беа пуштени лаги дека сум бил пијан, дрогиран и дека сум возел бесно. Ништо од тоа не е точно. Објавуваа и фотографии од скапи, нови возила, иако моето возило е старо 20 години“, наведува пратеникот.

Јанчев се осврна и на реакциите од владејачката партија и премиерот, обвинувајќи дека бил јавно осуден без судска постапка.

„Бев осуден од партиска прес-конференција на ДПМНЕ, а подоцна и од премиерот во телевизиско интервју, со суптилни закани кон Обвинителството. Оттогаш постојано се обидуваат медиумски да наметнат наратив дека сум прегазил некого“, пишува тој.

Пратеникот тврди и дека пред формирањето на Анкетната комисија за трагедијата во Кочани, бил изложен на притисоци од пратеници од владејачкото мнозинство.

„Ми беше порачано дека ако Левица ја отвори темата за Кочани, тие ќе удираат по мене поради сообраќајната несреќа“, наведува Јанчев, додавајќи дека не се повикува на пратенички имунитет.

Обвинението против Јанчев се однесува на тешката сообраќајна несреќа што се случи на 14 септември по полноќ, во скопското село Марино, при што загина 16-годишниот Матеј Димовски, а 13-годишна девојка беше тешко повредена.

Би можело да ве интересира

Гаши: Постапка за одземање имунитет може да почне само со официјално барање

Горан Наумовски

Обвинителството бара на Јанчев да му се одземат пасошот и возачката дозвола

Пратеникот Јанчев не возел под дејство на алкохол и над дозволената брзина, моторциклот се забил во вратата на автомобилот, објаснуваат од Левица

Манасиевски: Очекуваме пратеникот Сашко Јанчев да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Јанчев: Одбиен амандманот за прогласување на Огражден за заштитно подрачје

Горан Наумовски

Јанчев: Гледавме апсења и на Мијалков, Бучковски, Груевски, па влакно не им фали, а Заев си живее во Дубаи