На денешната седница на Собранието, пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, реагираше на донесувањето на измените на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, посочувајќи дека тие го ставаат приватниот интерес над јавниот и отвораат простор за сериозни злоупотреби и еколошки катастрофи:
„Се дозволува и му се отвора пат на приватниот интерес да го води орото во јавните работи. Овие измени очигледно се излобирани од рударското и енергетско лоби. Приватниот интерес го интересира само профит, какви ќе бидат последиците – воопшто не го интересира, а тие знаат да бидат и катастрофални.
Државата треба да биде контратежа и регулатор, а не да работи по негова желба и да наметнува наратив дека политиките според интересите на профитерите ќе донесат некаков благодет!
Се олеснува процедурата. Наместо решени имотно-правни односи, сега доволно е само одлука за прифаќање на иницијатива. Тоа прави правна каша-попара и проблеми и со Уставот и со законите. Ова не важи само за јавни претпријатија туку секое правно лице, и домашно и странско, може да добие концесија.
Наративот дека ова ќе донесе бенефит е лага!
Народот десет години се бори против ова, со протести и референдуми, а вие носите закони по скратена постапка, без воопшто да го слушнете!”
Овие катастрофални закони, и покрај сѐ, и покрај сите изнесени забелешки и предупредувања – владејачкото мнозинство предводено од ДПМНЕ ги изгласа“ рече Јанчев.
