(ВИДЕО) Манасиевски: Тренчевска – новото лице на Филипче, стариот кадар на Заев

Од:

Претседателот во сенка Заев, му ги напиша и состави новите членови на раководството на неговиот чувар на фотелјата Филипче, кој без двоумење ги изгласа со две раце. Еден од така наречените нови лица е Јована Тренчевска, кадар на Заев од Струмица. Подемите во политичката кариера Тренчевска ги добива токму од Зоран Заев. Таа станува државен секретар во Министерството за труд и социјална политика токму во времето кога Зоран Заев е премиер. Потоа станува и директор во неговата влада на Инспекторатот за труд, како и министер за труд и социјална политика, секако неуспешен, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Јована Тренчевска, граѓаните ја паметат по рекордните зголемувања на пензиите од 180 денари годишно. Јавноста ја памети Тренчевска по тоа што на работа го врати Александар Филев – трговец со дрога во Радовиш како директор на социјалното. Пензионерите ја паметат кога им велеше дека супер им било да живеат со 25.000 денари месечни примања, кога инфлацијата беше вивната до небото. Синдикалците ја паметат по тоа што местеше претседатели на синдикатите, по насока на нејзиниот лидер. Ја паметат и по кочењето на 16 согласности за воспитувачки и негувателки како и 10 согласности за помошно технички персонал во градинките во Бутел и во Куманово.

Тренчевска минатат година по изборниот пораз на парламентарните избори си даде оставка од претседател на форумот на жени, каде што рече дека местото го остава на нови, поквалитетни и лица неизвалкани од минатото. Тренчевска изгледа има заборавено на ова што го има кажано, и по само една година за да му удоволи на Заев, стана потпретседател на Филипче. Со ваквите кадри СДС тоне и оди во стечај. Народот не им верува, нагласи Манасиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче го тргна Зоран и го стави Заев на неговото место

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

(ВИДЕО) Манасиевски: Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај за 5,5 милиони денари, ЈО веднаш да постапи

(ВИДЕО) Манасиевски: Првиот стожер од стратегијата Македонија 2030 е државната безбедност и стабилноста

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Заев, Филипче и Љупчо Николовски?

(ВИДЕО) Манасиевски: Кацарска сака да им го одземе зголемувањето од 7.000 денари на пензионерите, а бара зголемување на сопствената плата

А1он