Одложена седницата за избор на в.д. државен јавен обвинител

Од:

Седницата на Советот на јавните обвинители, на која требаше да биде назначен вршител на функцијата државен јавен обвинител, е одложена поради отсуство на еден од членовите. Одлуката беше единствена точка на дневниот ред, а седницата е презакажана за понеделник.

До одложувањето дојде откако досегашниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка на функцијата.

Согласно Законот за Јавното обвинителство, вршителот на должноста државен јавен обвинител се избира од редот на обвинителите во Јавното обвинителство на Република Македонија. Избраниот ќе ја извршува функцијата до избор на нов државен јавен обвинител, но не подолго од шест месеци.

Во меѓувреме, Собранието сè уште не ја започнало постапката за избор на нов државен јавен обвинител.

Коцевски оставката ја соопшти непосредно пред собраниската седница на која требаше да се расправа за негово разрешување, наведувајќи дека се повлекува поради политички притисоци и недоволна поддршка за работата на Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Дисквалификуваниот Панчевски бара кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители

Катерина Ѓуровски

Владата добива четири имиња за државен обвинител, Панчевски елиминиран од Советот

Катерина Ѓуровски

Советот на јавните обвинители ќе даде мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител

Владата го утврди Предлог – Законот за Советот на јавните обвинители

Застој во постапката: Советот не добил ниту една пријава за Државен јавен обвинител

Советот на јавни обвинители треба да назначи вршител на должност на местото на Коцевски