ВИДЕО: Украинците погодија танкер во Ростов, има мртви

Од:

Украинските сили погодија танкер во руското пристаниште Ростов на Дон во средата попладне, при што загинаа некои од членовите на екипажот.

Ова го објави Јуриј Сљусар, гувернерот на Ростов, кој објави на Телеграм дека „украинскиот воздушен напад со беспилотни летала сериозно го оштетил танкерот“, а според првите информации, има и непознат број на загинати членови на екипажот.

„Службите за итни случаи го гаснат пожарот на танкерот што беше погоден додека беше закотвен во напад со беспилотни летала. Истекувањето на нафтени деривати беше избегнато“, додадоа руските медиуми.

Дополнително, Сљусар изјави дека нападот оштетил мал дел од градската инфраструктура.

Овој напад следеше еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ќе ги постигне своите цели во Украина на еден или друг начин, односно преку дипломатски или воени средства.

Путин, исто така, нагласи дека неговите сили се на голема иницијатива во текот на 2025 година, но и дека се подготвени да ја забрзаат офанзивата. Според руските обвинувања, тие окупирале повеќе од 300 населени места во областа каде што украинските и руските сили моментално се судираат во текот на годината.

Би можело да ве интересира

„По повеќе од четири години војна, пресвртница во конфликтот во Украина е неизбежна“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украина го нападна Севастопол со ракети „Сторм Шедоу“, тврди Русија

ВИДЕО: Жестока украинска освета за нападот на Киев

Путин ја обвини Украина за ужасен напад врз студентски дом во Старобилск, и порача на војската: Подгответе се за одмазда

ВИДЕО: Украински дрон погоди студентски дом, четворица загинати, 35 деца повредени, објави Русија

Русија испорача нуклеарна муниција на Белорусија