Левица: Ѓорѓиевски продолжува со скандалозни назначувања – партиски кадар со криминално досие на чело на Зоолошка

Од:

Левица предупредува дека најавите за ново раководство во Зоолошката градина во Скопје претставуваат уште еден алармантен пример за тоа како градската власт ја сфаќа одговорноста кон јавните институции – како партиски ресурс, коалициски плен, места за негување на хирови и амбиции на партиски кадри. Откако за в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“ градоначалникот Ѓорѓиевски назначи лице кое ВМРО-ДПМНЕ претходно го обвинуваше за сериозни злоупотреби, сега оди чекор подалеку, со намера на чело на Зоолошката градина да постави лице осудувано за кривично дело поврзано со животни, велат од Левица.

– Наместо транспарентна постапка, стручност и интегритет, сведочиме на обид за инсталирање лице со сериозно контроверзно минато на чело на установа која со години е симбол на негрижа, скандали и трагични последици по животните. Фактот дека станува збор за поранешен партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ, со судски утврдени дејствија поврзани со измама со животни, отвора сериозни прашања за моралниот и етичкиот компас на градската власт, но и за мотивите зад ваквото назначување.

По сите угинувања, извештаи за лоши услови, институционален хаос и целосна загуба на доверба кај јавноста, Зоолошката градина има потреба од радикална професионализација, а не од политичка рехабилитација на кадри како Стево Ќирков (Стефан Кирков) со дамки во биографијата.

Согласно информациите, лицето Стево Ќирков неодамна било осудено на условна казна за измама со животни, односно за тоа што измамувал граѓани продавајќи им кучиња за 600 евра, без да им обезбеди педигре, иако претходно тоа било ветено. Во самата пресуда, врз основа на сведоштва се наведува дека истото лице било познато и по други слични измами на повеќе лица. Дополнително, во 2021 година Ќирков одлежува и три месеци затвор поради непокриени трошоци во друга судска постапка.

Дополнително, прашуваме: Дали против ова лице моментоално се води и друга истрага за кривично дело? Бараме итно преиспитување на оваа намера од страна на Ѓорѓиевски! Јавниот интерес, безбедноста и благосостојбата на животните мора да бидат над партиските калкулации и амбициите на партиските другари, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Костовски: „Зимзоленд“ продолжува да работи и покрај утврдените неправилности и опасност по безбедноста

(ВИДЕО) Исмаил: Резолуцијата ја осудува опозицијата место да ја ограничи владата за внес на мигранти

ВИДЕО: Конечно и во Скопје, без огномет за дочекот на Нова година

Катерина Ѓуровски

Левица: Брутално скратен буџетот за лицата со ретки болести – државата штеди на живот

Горан Наумовски

Левица: Дали партиски инсталации во ДБКИ се шверцуваат во Мисијата на НАТО во Брисел спротивно на закон?

Горан Наумовски

Левица: Орце глуми скромност, а ангажира личен шофер за претседателот на Совет