По 22 години Реал Мадрид со поразителна статистика – само еден удар кон голот на противникот

Од:

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа беа поразени на свој терен од Манчестер Сити со резултат од 2:1, во натпреварот од шестото коло на Лигата на шампионите.

На овој начин, „Кралевски клуб“ ја продлабочи кризата во која се наоѓа, а неговата статистика од овој натпревар беше многу лоша, може да се каже и историски лоша.

Имено, Реал имаше само еден удар кон голот на противникот, што е најмалку во кој било натпревар на овој тим од сезоната 2003/04.

Незадоволството во клубот расте, а сè погласно се зборува дека заминувањето на тренерот Чаби Алонсо од клупата на Реал е само прашање на време.

Тоа би било очигледно за клуб како Реал, но не би бил првпат претседателот Флорентино Перез да направи шокантен потег.

Би можело да ве интересира

Реал со ултиматум за Винисиус: Потпиши или оди си!

А1он

Реал Мадрид остана без трофеј, а оствари рекордни приходи

А1он

Винисиус Жуниор се сели во Арсенал?

А1он

Поради трансферот во Реал, сопругата на Кукуреља добива смртни закани

А1он

Жозе Мурињо е новиот тренер на Реал Мадрид

А1он

Атлетико одби од Реал Мадрид понуда од 150 милиони за Хулијан Алварез

А1он