ВИДЕО: Василевска бараше изземање на Апасиев, родителите одбија да ги слушнат нејзините аргументи зад затворни врати

Од:

На денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеничката од ВМРО–ДПМНЕ, Иванка Василевска, го повика претседателот Димитар апасиев да се изземе од раководење со седницата, повикувајќи се на член 10 од Законот за постапување по поднесоци и претставки, кој забранува да се постапува по претставка доколку за истата веќе има судска постапка.

„Колега Апасиев, како правник сте должен да го знаете ова. Токму затоа вашето постапување изгледа уште посомнително“, рече Василевска. Таа додаде дека во вакви трагични предмети и самиот сомнеж е доволна причина за изземање, бидејќи семејствата на жртвите бараат непристрасност, а не однапред донесени ставови.

Таа прочита и писмо од државниот обвинител Љупчо Коцевски испратето на претседателот на собранието Африм Гаши, а во врска со формирањето Анкетна комисија за случајот „Пулс“.

Претседавачот Апасиев жестоко возврати на обвинувањата, нарекувајќи ги „вмровски примитивизам“ и „правно и латинско незнаење“. Тој посочи дека писмото на Обвинителството на кое се повикува Василевска се однесувало на „партиската вмровска анкетна комисија“, а не на Постојаната анкетна комисија, која е уставно загарантирана во член 76 од Уставот.

„Комисијата не врши истражни или судски функции, но согласно Уставот, нејзините наоди можат да бидат основ за поведување постапка за утврдување политичка одговорност. Тука сме за да видиме каде потфрли општеството и институциите, а не за да замолчиме мајки и семејства“, рече Апасиев.

Во текот на расправата, Василевска побара пауза и ги покани родителите на загинатите во нејзиниот кабинет — зад затворени врати — за да им објасни зошто, според неа, оваа Анкетна комисија не треба да се одржи. Родителите ја одбија поканата и останаа во салата, изразувајќи став дека процесот мора да биде јавен, а не зад кулични врати.

Би можело да ве интересира

Апостолов: Во „Пулс“ гореа плафонот, шанкот и бината, имаше сандаче за хидрант со црево, ама немаше вентил

Судење „Пулс“: Сведокот Паунов вели „на влезната врата имаше заглавени повеќе лица кои бараа помош“

Горан Наумовски

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Одбраната на дел од обвинетите во „Пулс“ бара преиспитување на обвинението, Шилегов вели „за мене е извесен исходот со ваквиот став на ОЈО“

Обвинение за 13 полицајци за пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Гостин од „Пулс“ сведочи: Пожарот не го забележавме веднаш, пред излезот настана стампедо