ВИДЕО: Автомобил заврши во куќа во Србија, објавена е снимка

Од:

Неверојатна сообраќајна несреќа се случи минатата сабота во Остривац во близина на Чуприја, Србија, каде што автомобил заврши врз семејна куќа откако излета од патот. Видео од бизарната сцена брзо се прошири на социјалните мрежи.

Сè се случило кога возачот, додека излегуваше од кривина, ја изгуби контролата врз возилото. Автомобилот се лизна и буквално заврши врз куќата на Саша Димитријевиќ. Возачот беше превентивно однесен во болницата во Чуприја, каде што му беа дијагностицирани полесни повреди, додека за среќа немаше повредени меѓу членовите на домаќинството, пишува Телеграф.

Во времето на несреќата, во куќата бил само синот на сопственикот, Дарко, кој гледал телевизија. Одеднаш, слушнал силен тресок и кршење стакло и помислил дека покривот се срушил. Трчајќи надвор, видел неверојатна глетка – автомобил врз куќата и возачот кој се обидувал да излезе. „Имавме огромна среќа што никој не е повреден“, рече сопственикот на куќата, Саша Димитријевиќ.

Димитријевиќ објасни како веројатно се случила несреќата. „Младиот човек што беше зад воланот штотуку го положи возачкиот испит. Го познавам него и неговите родители кои работат во странство. Тој е од соседното село Јовац“, рече тој. Нагласи дека кривината пред неговата куќа е исклучително остра. „Кога влегол во кривината, ја изгубил контролата врз возилото, се лизнал, ја пробил оградата од дворот и, откако се превртел, завршил на покривот од куќата“, заклучи Димитријевиќ.

Би можело да ве интересира

Во Србија најпопуларен светски лидер е Владимир Путин

А1он

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Притвор за српските шверцери на марихуана набавена во Македонија

Катерина Ѓуровски

Транспортерите од Србија престануваат да го блокираат товарниот сообраќај на премините

Србија повторно воведува задолжителен воен рок