Огромните рекламни паноа и билборидите кои долго време беа поставени на Железничката станица во Скопје утрово се демонтирани.
– Во насока на ослободување на просторот и оригиналниот изглед на железничката станица, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и останати информативни реклами кои години и декади наназад го нарушуваат автентичниот изглед на станицата.
Ова ќе биде фазен процес кој ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација.
Благодарност до одговорните компании кои ја сфатија важноста на овој процес и се согласија за отстранување на нивните билборди, објави директорот на Железници Инфрасруктура Синиша Ивановски.
Железничката станица во Скопје со децении не е реновирана. внатршноста е практично рунинрана, со лоша миризба. Надворешниот дел, со години беше обременет со реклами и билборди.
