Виткоф и Кушнер се сретнаа со Трамп по враќањето во САД

Од:

Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Џаред Кушнер денес се сретнаа со претседателот на САД, Доналд Трамп и го информираа за вчерашната средба со претседателот на Русија – Владимир Путин во Москва, објави Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор од Белата куќа.

„Соединетите Американски Држави и Русија учествуваа во темелен и продуктивен состанок. Пратеникот Виткоф и г-дин Кушнер го информираа претседателот, а потоа и Украинците“, рече изворот на агенцијата.

Виткоф и Кушнер во вчера одржаа петчасовен состанок со Путин во Кремљ. Страните разговараа за мировниот план предложен од Вашингтон.

На 30 ноември во САД се одржа состанок меѓу украинската и американската делегација во врска со планот за воспоставување мир во Украина.

Претходните преговори се одржаа на 23 ноември во Женева со учество на европски претставници.

Би можело да ве интересира

Кремљ ги отфрли најновите предлози за мир во Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Виткоф му рече на Путин дека е хуманитарец

Виткоф се среќава со Путин во Санкт Петербург

Катерина Ѓуровски

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со Доналд Трамп во Мар-а-Лаго

А1он

Трамп ја нарече „смешна“ уредувачката политика на „Фокс њуз“, ги повика поддржувачите да не го гледаат тв каналот

А1он

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија