Халанд: Не очекував дека толку брзо ќе постигнам 100 гола во Премиерлигата

Од:

Фудбалерот на Манчестер Сити и норвешки репрезентативец, Ерлинг Халанд, изјави дека не очекуваше дека толку брзо ќе постигне 100 гола во англиската Премиерлига.

Синоќа фудбалерите на Манчестер Сити го победија Фулам со 5:4 во натпреварот од 14-тото коло од Премиер лигата.

Халанд го постигна првиот гол за својот тим во 17-тата минута од натпреварот. Фудбалерот на Сити стана играчот кој постигна 100 гола во Премиер лигата во најмалку одиграни натпревари.

Норвежанецот успеа во тоа во 111-от натпревар, а претходниот рекордер беше легендарниот англиски фудбалер Алан Ширер, кој го постигна 100-от гол во 124-от натпревар.

„Кога пристигнав, сакав да постигнам 100 гола во Премиер лигата за Сити. Но, не очекував дека ќе биде толку брзо. Сега се случи и многу сум горд. Ова е голема работа. Кога ќе се осврнам на крајот од мојата кариера, овој натпревар ќе биде огромна работа и ќе го паметам ова до крајот на животот“, изјави Халанд за веб-страницата на Сити.

И тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола е изненаден.

„Да ми кажевте дека ќе постигне 100 гола на 111 натпревари, ќе ве прашав: „Дали сте сигурни? Во оваа лига?“ Но, тој го направи тоа. Бројките се луди“ рече Гвардиола.

Би можело да ве интересира

Незапирливиот Халанд ја води Норвешка на Светско првенство

А1он

Халанд одигра седум финалиња за Манчестер Сити, без ниту еден гол или асистенција

А1он

Халанд: Ужасна и досадна сезона

А1он

Халанд се почести со нов автомобил, за него плати 380.000 евра

А1он

Гвардиола потврди: Халанд е тешко повреден

Касано: Халанд ќе постигне 90 голови, но тој не е најдобриот напаѓач на Сити