Како Халанд стана најзабавниот фудбалер на Светското првенство? Не поради головите, туку поради Snapchat

Од:

Додека на теренот продолжува да ги тресе противничките мрежи, надвор од него Ерлинг Халанд стана една од најголемите атракции на Светското првенство 2026 – благодарение на своите објави на Snapchat.

Норвешкиот напаѓач, кој важи за еден од најдобрите голгетери во светот, ги воодушевува навивачите не само со головите, туку и со својата спонтаност на социјалните мрежи. Неговиот профил на Snapchat го следат повеќе од 2,5 милиони луѓе, а наместо внимателно испланирани ПР-објави, Халанд споделува секојдневни моменти, шеги и фотографии без никакво разубавување.

Меѓу најпопуларните содржини се селфи-фотографии со филтерот на Шрек, разни AR-ефекти и самоиронични објави. Големо внимание привлече и неговиот краток одговор до навивач кој му порача да се фокусира на Светското првенство. „Во ред, работам на тоа“, напиша Халанд, а пораката за кратко време стана вирална.

Од Snapchat велат дека токму неговата природност е причината поради која е толку популарен. Џули Богаерт, директорка за партнерства во компанијата, истакна дека Халанд едноставно го покажува својот вистински карактер, без глума и без режирани објави.

„Тој се снима со филтер на Шрек додека е во автобус и практично го освојува интернетот. Такви работи не можат да се испланираат“, изјави Богаерт.

@ahsangorayausa1 You don’t need a stadium when Norwegian fans turn Times Square into a Viking ship. 🇳🇴⚔️🔥 #norway #norway🇳🇴 #nyc #soccer #fifaworldcup ♬ original sound – Ahsan Goraya

Во меѓувреме, Халанд блеска и на теренот. На првите два натпревари од Светското првенство постигна четири гола и се вклучи во трката за „Златната копачка“ заедно со Лионел Меси и Килијан Мбапе. Со двата погодоци против Сенегал и помогна на Норвешка да слави со 3:2 и да обезбеди место во нокаут-фазата, што е прв таков успех за репрезентацијата на мундијалите по 1998 година.

Норвешка сега ја очекува пресметка со Франција за првото место во групата, но Халанд не покажува преголема загриженост.

„Најважно е што се пласиравме понатаму. Франција веројатно е еден од главните фаворити за титулата, но не сакам премногу да размислувам за тоа“, изјави норвешкиот напаѓач.

Освен Халанд, вистински хит на Светското првенство станаа и норвешките навивачи. Нивната прослава наречена „Викиншки брод“ стана вирална на социјалните мрежи, а снимките се појавија и на големите екрани на Тајмс Сквер во Њујорк, како и во метрото.

Со головите на теренот, хуморот на Snapchat и атмосферата што ја создаваат нивните навивачи, Норвешка во моментов е една од најинтересните приказни на Светското првенство 2026.

Би можело да ве интересира

Мадона има благороднички корени: Во далечно сродство е со британското кралско семејство

(ВИДЕО) Норвежаните организираа невидена прослава на улиците на Осло: 100.000 навивачи веслаа заедно со фудбалерите

Американизацијата на Светското првенство продолжува: Ели Голдинг ќе настапи на полувремето од четвртфиналето

Предраг Петровиќ

Како Халанд ја претвори својата фризура во бизнис: Ластиците за коса „пламнаа“ штом се појавија во продажба

Предраг Петровиќ

Србин или Хрват? Дебата за националноста на Никола Тесла според Википедија

Предраг Петровиќ

Сè повеќе македонски матуранти избираат германска универзитетска диплома во Скопје