Косово ја снабдува Германија со органи?

Од:

Германските истражни органи полека доаѓаат до вистината. По репортажата од Приштина на германскиот неделник „Шпигл“ почна да се разоткрива приказната за нелегалната трговија со пресадување органи, за што како главен центар се посочува –косовската клиника „Медикус“.

Името на оваа клиника редовно се спомнува во врска со трговијата на органи на киднапираните Срби на Косово, но и многу други жртви на таканреченара медицинска мафија.

„Според податоците до кои дојде поранешниот швајцарски сенатор Дик Марти, но и според наводите на специјалниот истражувач на Еулекс, Џон Рател, приштинската клиника „Медиукус“ е една од главните снабдувачи за престижните клиники во ЕУ. Пратките најчесто одат во германските специјализирани болници во Гетинген, Регензбург и Берлин“, пишува српска Политика.

Весникот пишува дека органи на Србите кои биле киднапирани за време на воените операции во 1999 година но и подоцна послужиле како „билет“ на клиниката Медикус да влезе во кругот на болниците познати по праксата со нелегална трансплантација на органи.

Неделникот „Шпигл“ ја запозна германската јавност но и тамошното обвинителство со случајот на германскиот државјанин на кој му е пресаден бубрег од руска емигрантка од Израел. Тој за бубрегот платил 81.892 евра , a на Русинката за тоа што донираше бубрег и платиле 8.000 евра.

Случајот што „Шпигл“ го обелодени се совпадна со аферата со нелегални трансплантации што ја потресува Германија веќе еден месец.

Според податоците на „Политика“ професорот Бер е главен финансиер на опремата на приштинската болница, а добар дел од неговите донации на Косово потекнуваат од германското министерство за економска соработка и развој со странство.

Портпаролот на Министерството во Берлин, за Политика известил уште в јануари годинава дека прашањето за финансирањето на приштинската клиника од Фондот на германското министерство ќе се расчисто во најкраток можен период. Меѓутоа се утврдило дека парите за опрема на една болница на Косово биле препратени на хуманитарна организација чие име не се соопштува.

Минатата Среда во Германија стапил на сила нов закон со кој се олеснува трансплатацијата на органи. Бројот на доброволни донори нагло паднал, бидејќи јавноста е запознаена со аферата за незаконска транспантација во водечките клиника во државата.

Би можело да ве интересира

Државен стан за семејството на Верица Белчовска, девојката чии органи спасија три животи

Жарко Настоски

Белчовски: Ги дониравме органите за да спасиме животи, а така ќе живее и нашата сестра

Предраг Петровиќ

Семејството на Рајко Дујмиќ одлучи да се даруваат неговите органи

Жарко Настоски

„Коха диторе“: Нема докази за трговијата со органи

Емир Латифовиќ

Трговијата со органи пред судот на Обединетите нации

Емир Латифовиќ