АХВ во зимски сон: Бубашваби на менито секој ден за средношколците во интернатот Здравко Цветковски ГУЦ

Од:

Учениците сместени во средношколскиот интернат во Скопје, Здравко Цветковски ГУЦ секој ден добиваат на менито бубашвваби-некогаш за доручек, некогаш за ручек, некогаш за вечера. Постојат десетици случаи документирани со фотографии каде им се сервираат бубашваби. Ги има во оброците за ручек, но често и внатре испечени во пецивата од позната скопска пекарница. Најсимптоматично е што ова трае повеќе од една година, пријавувано е неколкупати во АХВ, праќани се инспектори во интернатот и ништо не е сменето.

Доколку надлежните институции не преземат соодветни дејствија, во следниот напис А1он ќе ги објави и пекарницата од која се праќаат пецива со бубашваби и инспекторите со име и презиме кои не преземаат ништо, а имаат добиено пријави неколкупати досега. Одговорност треба да си понесат и надлежните за интернатот кои се запознаени со случајот десетина пати и кои не преземале ништо да спречат малолетните деца да се хранат со бубашваби и со тоа да се изложени на опасност.

Деца од интернатот тврдат дека оброците ги избегнуваат, и наместо да јадат во мензата за која плаќаат, принудени се парите да ги трошат за купување храна во Скопје што за нив е скапо. Тие се жалат дека инспектори од АХВ биле во мензата откако ги повикале, но никогаш ништо не се сменило.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија, Вториот протокол остана дел од текстот

Сали: Европскиот парламент испрати јасна порака дека Македонија има европска иднина

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје

Предраг Петровиќ

До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет

ЦУК: Повторно се активира пожарот во близина на КПУ Велес – Превалец

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија