Полицијата уапси девет државјанки на Колумбија под сомнеж дека го злоупотребиле туристичкиот престој во гостиварско и против нив се поднесени соодветни пријави.
Од СВР Тетово информираат дека при преземање на мерки и активности во угостителски објект во селото Добридол, гостиварско, биле затекнати 13 женски лица.
– Меѓу нив имало девет државјанки на Колумбија и четири македонски државјанки. Поради злоупотреба на туристичкиот престој, странските државјанки П.Ц.Д.М. (32), Д.Ј.Ј.Р. (28), Х.М.М.Л. (23), О.К.Е.(34), З.М.А.М. (24), Х.Б.К.В.(20), Ј.Н.В. (26), Л.С.Ј.Р. (26), П.М.М.М. (32), сите од Колумбија се приведени, против нив се поднесени пријави, велат од СВР Тетово.
Од страна на Основниот суд во Гостивар им е одредена мерка забрана за влез во државава во времетраење од една година и парична казна.
