Прашина од Азија го загадува воздухот во САД и Канада

Од:

Прашина и задагувачки аеросоли патуваат од Азија, преку океанот и негативно влијаат врз квалитетот на воздухот во САД и Канада, а можеби и ги влошуваат ефектите на климатските промени над северноамериканскиот континент, покажува студијата, која ја изработи меѓународен експертски тим, врз основа на анализите на снимките на американско-францускиот еколошки сателит „Калипсо“

Околу половина аеросолни честички над Северна Америка се од странски извори, при што поголемата количина потекнуваат од прашината, која природно се појавува, а не од согорувањето на јаглен и други фосилни горива.

Имајќи предвид дека емисијата на прашина може да се зголеми како последица на сувото време, сушата или дезертификацијата предизвикана од климатските промени, трудот на Американците и Канаѓаните за намалување на загаденоста на воздухот над нивните територии не може да биде доволен. Наместо тоа сите земји би требало да рааботат заеднички заради намалување на емисијата на штетни материи во атмосферата, се наведува во студијата.

Снимките од сателитот им овозможиле на научниците да ги поделат честичките, кои потекнуваат од прашината и оние кои се производ на активностите на луѓето.

Честичките на аеросоли со странско потекло можат да дејстуваат штетно, апсорбирајќи го сончевото зрачење, менувајќи ја формацијата на облаците и снежните врнежи или забрзувајќи го топењето на снегот на планините во западниот дел на САД.

Меѓународниот тим апелира подобро да биде истражена интеракцијата меѓу прашината и климата. Засега е познато дека врз емисијата на прашината влијаат климатските промени – промените на правецот или силата на ветерот, нивото на врнежите или вегетацијата.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак