Урсула фон дер Лајен: Ништо не треба да се одлучува за Украина без Украина

Од:

Ништо не треба да се одлучува за Украина без Украина, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски рече дека ги информирал претседателот на ЕК и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, за планот на САД за прекин на руската инвазија на Украина.

– Што се однесува до следните чекори, европските лидери ќе се сретнат утре на маргините на Г20, а потоа и во Ангола, каде што ќе се одржи самитот ЕУ-Африканска унија, напиша Урсула фон дер Лајен на Платформата X.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно денес изјави дека ќе предложи „алтернативи“ на планот на САД за прекин на конфликтот со Русија, план кој се смета за многу поволен за Москва, ветувајќи дека нема да ги „издаде“ украинските интереси.

Зеленски предупреди дека неговата земја ризикува да ја изгуби поддршката на САД поради планот на Вашингтон за прекин на војната со Русија.

„Украина би можела да се соочи со многу тежок избор – губење на достоинство или ризикува да изгуби клучен партнер“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен ги призна проблемите: Летните патувања заглавени поради новите контроли на ЕУ

А1он

Фон дер Лајен е лажга, вели Марија Захарова

Фон дер Лајен: Во заеднички интерес на САД и ЕУ е да ги користат најдобрите модели на вештачка интелигенција

А1он

Фон дер Лајен: Руската агресија премина уште една црвена линија

Христофору: Фон дер Лајен е вознемирена затоа што Брисел знае од каде полетуваат дроновите

Фон дер Лајен: ЕУ подготвува построги правила за социјалните мрежи за заштита на децата