Бранителите на обвинетите во „Пулс“ бараат одложување на денешното рочиште

Од:

На првото рочиште за трагедијата во „Пулс“ бранителите на обвинетите побараа одложување на расправата затоа што Обвинителството поднесе интегрирано обвинение во кое е вклучена и постапката за Александар Нацев како и редуцирана листа на докази.

– Сметам дека е неопходно да се запознаат со новото обвинение и со редуцирсната листа на докази, во насока на евентуално дополнување и барам одлагање за увид во новата листа на докази, изјави адвокатот на Нацев.

Ништо не е променето суштински во дејствијата на обвинетите ниту во правната квалификација ниту се работи за нова листа на докази, изјави обвинителот Борче Јанец.

– Мислам дека е легитимно барањето на одбраната за да ја има новата листа на докази и интегрираното обвинение и ќе го имаат во електронска форма во денешниот записник. Треба да кажам дека и обвинителството денеска доби листа на докази, рече Јанев.

Кумулација на два обвиненија претставува измена на обвиненија, а во корелација со фактот со тоа што око најави редуцирање на листата на докази произлегува дека постои хендикеп на одбраната да се произнесе по исклучените докази со можност истите да бидат предложени од одбраната. Во оваа смисла барам од судот да ни овозможи увид во новото обвинение и увид во новата листа на докази. Бараме дополнително време, изјави бранителот на Александар Нацев, откако денес Основниот кривичен суд Скопје на почетокот на денешното судење за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани одлучи постапката за овој предмет да се спои со постапката против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката.

Сите бранители се приклучија на барањето за да може да ги видат редуцирсните доказите.

– Постапувањето на обвинителството е крајно несериозно и го доведе во незавидна ситуација судот. Со спојувањето во единствен интегриран обвинителен акт, во суштина престануваат да постојат посебните обвинителни акти. За да се поднесе еден обвинителен акт станува апсурдна постапката за спојување. Во тој момент е потврдена и листата на докази на обвинителството, истото по сила на закон мора да се направени и за другиот обвинителе акт. За да се редуцира или повлече доказ кој е прифатен мора во најмала рака да е прецизирам и интегриран во обвинителен акт со интегрирана листа на докази, доколу постои специфична листа на докази треба да се достави до одбраната и да има расправа да се произнесе е за да може да се продолжи со чиста листа на докази, изјави адвокатот Еленко Миланов, адвокат на обвинетиот екс-министер за економија Крешник Бектеши.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Таткото на загинатиот Андреј Стојанов: Адвокатите на обвинетите сакаат нас тотално да не уништат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Трагедијата во „Пулс“ влезе во судница: Пет месеци или пет години, нема гаранции колку ќе трае

Катерина Ѓуровски

Голем број домашни, странски новинари и набљудувачи ја наполнија судницата каде ќе се суди за трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

После осум месеци од трагедијата: 38 обвинети за несреќата во „Пулс“ седнуваат на обвинителна клупа

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

По осум месеци од трагедијата, почнува судскиот процес за „Пулс“