(ВИДЕО) Трагедијата во „Пулс“ влезе во судница: Пет месеци или пет години, нема гаранции колку ќе трае

Од:

Почна процесот за најголемата трагедија во поновата македонска историја. Сите обвинети денеска се појавија на првото рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во кој имаше 63 жртви и околу 200 повредени.

– Секое одложување мора да биде потврдено, на пример медицински, ако не е веродостојно ќе има казни. Гарантираме дека се ќе биде транспарентно. Имајќи го ова предвид, ве молам, ако можете сами да се организирате, барем да присуствува по еден претставник на семејството на рочиштата. Не можеме да гарантираме брзина, за да не се направат грешки и случајот да пропадне. Никој не знае колку време ќе трае процесот, дали пет месеци или пет години. Ако правиме сè редовно, нема да го одложуваме процесот за да се добие правда, изјави судијката Дијана Груевска-Илиевска на почеокот на судскиот просец за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“.

Рочиштата за овој случај се одржуваат во судницата на КПУ „Идризово“.

Покрај другите обвинети, и сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов-Деко беше спроведен од притвор.

Трагедијата се случи на 16 март годинава, а загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Обвинети се 35 луѓе и три правни субјекти за Тешки дела против општата сигурност, за кое нема доживотна казна затвор, туку максимална казна до 20 години. Меѓу обвинетите се и поранешни министри, градоначалници, директори, инспектори и одговорни лица во фирмите поврзани со ноќниот клуб.

Обвинителниот акт беше поднесен на 13 јуни, а Кривичниот суд го одобри на 3 октомври.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Таткото на загинатиот Андреј Стојанов: Адвокатите на обвинетите сакаат нас тотално да не уништат

Катерина Ѓуровски

Бранителите на обвинетите во „Пулс“ бараат одложување на денешното рочиште

Катерина Ѓуровски

Голем број домашни, странски новинари и набљудувачи ја наполнија судницата каде ќе се суди за трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

После осум месеци од трагедијата: 38 обвинети за несреќата во „Пулс“ седнуваат на обвинителна клупа

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

По осум месеци од трагедијата, почнува судскиот процес за „Пулс“