Албанската полиција соопшти дека уапсила 36-годишен македонски државјанин, по кој бил распишана меѓународна потерница за фалсификување пари, пренесува Еуроњуз.
-Македонскиот државјанин Н.С. (36) е уапсен од полицијата во Тирана, во рамки на операцијата со кодно име „Операција 73“, со цел да биде екстрадиран во Северна Македонија, објави полицијата.
Според извештаите, 36-годишникот бил прогласен за баран и од страна на ДВП Драч, за кривично дело „Кражба“.
„Овој државјанин е прогласен за меѓународно баран откако Основниот суд во Куманово го осуди на две години затвор, за кривично дело „фалсификување валута“, се вели во полициското соопштение.
Во меѓувреме, Интерпол Тирана, во соработка со властите на Северна Македонија, ќе ги спроведе постапките за екстрадиција на 36-годишникот.
