ВИДЕО: Нов американски напад на Кариби, тројца мртви

Од:

САД извршија уште еден напад врз брод за кој се сомнева дека шверцува дрога во источниот Пацифик, при што загинаа три лица на бродот, соопшти Пентагон.

„Разузнавањето потврди дека бродот бил вклучен во нелегална трговија со наркотици, транзитирал по позната рута за шверц со наркотици и транспортирал наркотици“, соопшти Јужната команда на САД во објава на социјалните мрежи.

Во соопштението се наведува дека бродот бил во меѓународни води кога бил погоден од Заедничката работна група „Јужно копје“, пренесува Ројтерс.

Ова е 21-ви напад на американската војска врз бродови за шверц со дрога од почетокот на септември. Според Пентагон, во нападите загинале повеќе од 80 лица.

Неколку членови на американскиот Конгрес и групи за човекови права покренаа прашања за легалноста на нападот. Администрацијата на Трамп изјави дека има законско овластување да го изврши нападот.

Би можело да ве интересира

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Трамп: Изборите во Америка се толку наместени, што не можете ни да замислите

Трамп: Иран нема да има нуклеарно оружје

Москва негира дека пропадна договорот за испорака на дизел за Америка

Хамнеи: Промените во американската администрација нема да го променат односот на Вашингтон кон Иран