Еден мртов, тројца тешко повредени во сообраќајка во Скопје

Од:

Синоќа на улицата „Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фолксваген голф“ управувано од С.Х.(56) од Скопје и возило „БМВ“ управувано Ф.П.(28) од Скопје.

„Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот С.Х., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобиле неговите сопатници Н.Х.(52) и 24-годишната М.Р.А., двајцата од Скопје и Ф.М.(28) од Косово и возачот на патничкото возило „БМВ“, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Скопје – Блаце, повредени се шестмина косовски државјани

Пијан „возач“ без возачка дозвола излета од пат кај Кочани, едно лице е тешко повредено

Горан Наумовски

Трагедија во Германија: Возеше автомобил во погрешна лента, загинаа две лица

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Обровац: Двајца мртви, уште двајца итно префрлени во болница

Несреќа во Скопје: Мотоциклист заврши со тешки повреди на „Партизанска“

Сите патници во комбето што излета од патот Котор-Никшиќ се српски државјани: Загина 21-годишна девојка