Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 20 степени

Од:

Утрово по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.

Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла.

Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Утре облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи дожд, наместа пообилни.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Дневните температури ќе бидат без значителни промени.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Облачно со сончеви периоди и северен ветер

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност